Roma Women Organization in Macedonia
 
 
 
 
   


Ромската Организација на Жени од Македонија “Даја” постои од 06.06.1993 год, патешествие кое носеше дружење, но и ризици, радост, но и тага, хуманост, но и неизвесности, очекувања, но и разочарувања.
За да Ви биде појасно, ќе се обидам на кратко да го споделам нашето искуството со сите Вас кои ќе го прочитате овој документ.
Мисијата со која ја започнавме нашата работа беше подобрување на состојбата на жената Ромка и Ромската популација пред се на полето на образованието.
Почетоците беа тешки од причина што жените Ромки дотогаш не беа вклучени во вакви движења, па затоа бевме принудени да работиме чекор по чекор.
Започнавме со чајанки, низ чија реализација наидовме на мноштво проблеми, најчесто при привлекување на жените да присуствуваат на овие неформални средби, како и при објаснување на потребата да се вклучат во вакво движење.
Во тие почетоци, реткост беше да се слушне гласот на жената Ромка и ние се гордееме што бевме меѓу првите што влијаеја присуството на жени Ромки во јавноста да стане нормална појава.
Започнавме на чајанки, а сега работиме на кампањи за поголемо учество на жените Ромки во јавниот и во политичкиот живот.
За разлика од почетоците кога тешко не прифаќаа, во последните пет години постигнавме резултати со кои можеме да се гордееме.
Бевме пример за формирање на голем број женски Ромски организации во Македонија.
Формиравме свои ограноци во Битола, Виница, Берово, Пехчево, Делчево и Крива Планка кои сега се успешни самостојни организации.
Со напорна работа успеавме да го достигнеме статусот кој сега го уживаме, заради што сме препознатливи во целата држава, па и пошироко во регионот.
Имаме соработка со голем број на национални и интернационални организации и мрежи.
Очигледно е дека се постигнати промени кај нашата целна група. Но сигурно е дека нема да запреме тука.
Ќе продолжиме да работиме на едукација на Ромската популација, рамноправност меѓу половите, како и на целосно интегрирање на Ромската популација во општеството.

Дилбера Камберовска

Претседателка на Р.О.Ж.М Даја
 
 
     
  Вести :  
     
 

Тродневна работилница -Акција за промени

Ромската Организација на Жени Даја, во рамките на Кампањата за поголемо учество на жената Ромка во...

..............................................

Мултиетнички младински камп

Мултиетничкиот младински камп ,,Преку дружење и едукација до соработка,, се одржа од 10-16.12.2007...

..............................................

Конференција,,Еднакви можности и за жените Ромки,,

На 21 Јуни 2007 година(четврток),во симболичен термин 11:59 (минута до 12) во Собрание на Р.М се...

..............................................

21 Март -Ден на пролетта

Манифестација ,,Парк за толеранција,, 21 Март -Ден на пролетта На 21 Март 2007 година се одржа...

..............................................